Saturday, April 07, 2012

Google за македонските херои

Во емисијата Вин Вин* од 29.03.2012 година, Софија Куновска во врска со тоа дали одредени револуционери се значајни за македонската историја кажа:

Дали имате намера да побарате мислење од ИНИ бидејќи не само што имаме условно речено контроверзни личности во предлогот, туку, само уште еден пример да ви дадам. Ако на Google отворите поголем дел од вашите предлози кои што се условно речено личности кои што се по прв пат промовирани како важни за македонската историја, иако не ги негирам во целост, дали сте свесни дека излегуваат на бугарски јазик?

Целта поради која го пишувам ова не е за да ја осудуваме Куновска или некој друг за тоа дека индиректно сугерира оти овие за неа „контроверзни личности“ се Бугари. Всушност во делот каде што вели дека на Google „излегуваат на бугарски јазик“ таа е делумно во право.

Целта на овој мој напис е да се поттикне секој Македонец, според своите можности да даде придонес за збогатување на Интернетот со содржини (дигитализација на извадоци од книги, свои лични истражувања) во врска со овие револуционери (и општо за сета историјата која ни ја спорат) во кои што со факти ќе се потврди дека тие исти револуционери биле етнички Македонци и се бореле за независна Македонија.

Ако порано најголемата училница беше телевизијата, денес тоа е Интернетот. Десетици илјади луѓе ширум светот секојдневно учат погрешни податоци за нашата македонска историја од странски пропагандни сајтови кои најчесто ја извртуваат вистината во нивна корист.

Не смееме да останеме игнорантни на тие факти и да чекаме некој друг да ни ја заврши нашата работа. Кога ќе слушнеме дека некој странец за одреден македонски херој кажува оти бил Србин, Грк, Албанец или Бугарин, не треба да се лутиме на другите, туку на себеси, затоа што не сме направиле доволно за да на светот му ја покажеме нашата македонска вистина.

Македонската историја, па и онаа претставена на Интернетот, мораме да се избориме да биде напишана не од некои други, туку од нас Македонците.

*емисија на Оливера Трајковска, емитувана на ТВ Алфа. Темата беше за преименувањето на поголем број на улици во Скопје (Гости: Софија Куновска, Владо Поповски).

3 comments:

Anonymous said...

emisijata e emituvana na TV alfa :)

Anonymous said...

Упс. Благодарам, поправено :)

Anonymous said...

Требува да разберваме не Google, току Бугарска Википедија, која што гледам има повеќе од 10000 статии за Македонија..