Tuesday, March 08, 2011

Заштита на животните

Доколку ги сакате животните и сакате да се избегне нивното безпотребно мачење (како на клиповите долу) пратете ваша порака (или готовата пораката долу) до јавниот обвинител:

jorm@jorm.org.mk

Доколку сакате може да известите и други државни институции, медиуми, невладини организации, особено оние за заштита на животните и вашите пријатели на социјалните мрежи за да се крене јавното мислење.

-----

Почитувани,
поради сомнение дека луѓето на видеaтa

http://www.youtube.com/watch?v=4qx5d7porYw
http://www.youtube.com/watch?v=Lvib_ewA73s

вршат казниви дела според член 52 (прекршоци) од законот за заштита и благосостојба на животните, имено став 1, точка 18, 19, 20 и 21, апелираме Вие по службена должност да го испитате случајот.

Казните за овие дела не се тривијални и се уредени со закон. Според член 52, став 1, точка 1 за прекршоци од став 1 од истиот член казните се од 4000 до 6000 евра во денарска противредност. За дела опишани во став 1, точка 18, 20, и 21 од член 52, освен глоба на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена (според член 52, став 6)

Пронаоѓањето на лицата ќе Ви биде олеснето со тоа што на вториот клип има оставено телефонски број и се испишани имињата на учесниците.

-----

Закон за заштита и благосостојба на животните, член 52, став 1 (точка 18, 19, 20, 21) од 20.09.2007 година:

"1) Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако:

18. не ги поштедува животните од вознемирување кое може да се избегне, болка или страдање за време на пренос, сместување во кланично депо, фиксирање, зашеметување, колење или убивање, (член 43 став (3));

19. употреба на конструкција, капацитет и опрема кои функционираат така што нанесуваат болка и страдање на животните ( член 44 став (1));

20. животните донесени во кланица за колење не се фиксирани, зашеметени пред колење, веднаш убиени и искрварени (член 44 став (2)) и

21. не користи и нема инструменти, опрема за фиксирање, опрема и инсталации за зашеметување и убивање на животните за да се постигне брзо и ефикасно зашеметување и убивање (член 45 став (1))."

Комплетниот закон ЛИНК

1 comment:

Вдоми Миленик said...

Bravo za spodeluvanjeto na ovie linkovi, ke se obideme da odgovaraat za ova , najstrogo!