Протестно писмо до амбасадорот на Нивната Унија

Протестно писмо до амбасадорот на Нивната Унија поради избегнувањето да се спомне името на Република Македонија. Доколку сакате пратете го на адресата на Мисијата на Нивната Унија во Република Македонија - Delegation-FYRMacedonia@ec.europa.eu

-------------

Господине амбасадор на Вашата Унија во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

Ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА забележавме дека во сите ваши обраќања за медиумите досега, упорно го избегнувате и НИТУ ЕДНАШ не го спомнавте името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - земјата во којашто се наоѓате и во којашто ќе ја извршувате функцијата амбасадор на Вашата Унија. Доколку причината за тоа е поради проблеми со изговорот, тогаш ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и сите МАКЕДОНЦИ ширум светот, ви порачуваме да побарате стручна помош кај логопед. Доколку пак причината за тоа е грчкиот платен список тогаш ви порачуваме дека порано или подоцна и вие ќе бидете откриени и разобличени исто како и вашите колеги од парламентот на Вашата Унија.

Сакаме да ви укажеме дека каков што ќе биде вашиот однос кон нас и кон нашата земја, исто таков ќе биде и односот на нас - граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кон вас и кон Вашата Унија. Колку што ќе ја почитувате РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нејзиното име, историја, култура и идентитет исто толку и ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ ширум светот, ќе ве почитуваме вас. За жал засега не успеавте да ја заслужите нашата почит, се надеваме дека во иднина ќе се потрудите повеќе. Во спротивно ќе бидеме приморани да се жалиме и на вашите претпоставени од Вашата Унија.

Без почит,
граѓанин на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1 comment:

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=kGOlr34-xKg&feature=related