Friday, February 04, 2011

Save BBC Macedonia

Пред една седмица (26 јануари 2011) BBC најави дека поради намалување на финансиските сретства од владата приморани се да ги затворат радио и Интернет изданијата на пет јазици меѓу кои и македонскиот.

Како протестна мерка за укинувањето на програмите на овие јазици, креирана е електронска петиција со наслов "Save BBC World Service from Savage Cuts" која по пополнувањето на потребниот број потписи и физички ќе биде испратена до премиерот и владата на Обединетото Кралство.

Според креаторите на петицијата доколку се соберат 100 000 потписи, владата се согласила да ја преразгледа одлуката. Во моментов има 7.6 % од потребните потписи.

Доколку сакате да дадете мал придонес за враќањето на BBC програмата на македонски јазик, можете да се потпишете на страната на петицијата ЛИНК, а за да се информирате повеќе за оваа иницијатива отидете на нивниот официјален вебсајт www.savews.com.

No comments: