Thursday, February 03, 2011

Невозвратена љубов

Си беше еднаш една чудесна девојка која ја сакав од тука па се до Брисел, виа Атина. На почетокот и таа велеше дека ме сака и сè беше совршено, но потоа почна да ми бара докази дека сум достоен за да бидам со неа. Постојано требаше мојата љубов да и' ја покажувам на апсурдни начини, пропратено од секојдневни обвинувања дека сум ја изневерувал.

Стегав заби и сите нејзини тортури ги издржував машки. Кога таа велеше дека црното е бело не и' противречев. Кога сакаше до оди во дискотека без мене - не и забранував. Понекогаш и ме навредуваше, ама јас и тогаш мудро си молчев. Не сакав да дозволам ништо да се испречи меѓу мене и мојата голема љубов. Веројатно многумина ме сметале за папучар, ама мене тоа не ми беше важно, ја сакав.

Таа сакаше скапи работи, се согласив дека такви и заслужува. Извадив кредит од банка и го купив најскапиот прстен. Се задолжив до гуша, ама во мислите знаев дека вреди. Клекнав пред неа и и го поставив судбоносното прашање, но таа побара време за да размисли. Не ми беше лесно, ама освен чекањето не ми преостануваше ништо друго.

Неколку седмици потоа рече дека сака да ми каже нешто важно. Мислев дека се одлучила и дека конечно ќе го слушнам нејзиното "да". Мислев дека потоа ништо нема да може да не раздели, о колку само се лажев.

Ми рече дека ќе се омажи со мене но дека морам прво оперативно да си го сменам полот. Тоа бил условот. Како инаку ќе знаела дека ја сакам и дека сум достоен за неа. Да, ја сакав ама пак не сум идиот до толку. Фино убаво ја отерав у пи.ку ку.ац. Вербално и' изе.ав матер у г.з и со мирна совест си зедов авионски билет во обратна насока, овојпат директен.

Што мислите добро ли напраив или требаше да продолжам да си ја тупам главата? Мојот пријател психијатар вели дека ни самиот тој не можел да ме посоветува да постапам подобро.

Во случај сеуште да се чудите зошто таканаречените "евроскептици" на често поставувањето анкетно прашање "Дали сте за влез во ЕУ?" одговараат со "НЕ", би можел да ви го препорачам мојот пријател психијатар. Невозвратена љубов - не благодарам.

No comments: