Антиквизација

Хмм ме чуди како стрaнските креаторите на називот антиквизација ќе реаграат дококу знаат дека античката историја на нашата земја многупати е споменувана во странски весници.

Впрочем античка Македонија, Филип и Александар отсекогаш биле поврзувани со Македонија и тоа во сите периоди. Ќе пробам тоа да го илустрирам со два артикли од странски весници. Ако ние Македонците лажеме и се смозаблудуваме, барем странците немаат ниаква корист од тоа што ќе не поврзат со античките ни корени:

Во артикл на весникот The Tuscaloosa News од 24 август, 1945 година се вели:

"...Македонија која немала национална самостојност уште од времето на Александар Велики...

"...Macedonia which has not enjoyed a national soverignity since the time of Alexander the Great..."

Во артикл од New York Times од 10 Септември 1991 година, по повод независноста на Република Македонија пишува:

"...Историја: Александар Велики за кратко ја направил Македонија светска сила чија империја се протегала од Египет до Индија во четвртиот век пред новата ера..."

"...History: Alexander the Great briefly made Macedon a world power whose empire stretched from Egypt to India in the fourth century B.C..."

Уште повеќе ме чуди како домашните негатори на нашето античко наследство замижуваат пред тоа дека многумина истакнати Македонци ги чувствуваале античките Македонци како свои предци. Еве неколку примери:

Марко Цепенков во 1899 година запишал:

"Помислете Вие, мили чеда: за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!"

Во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј, Григор Прличев рекол:

"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!" -

За да видите и други цитати од кои се прикажува континуитетот на Македонија уште од антиката кликнете ОВДЕ!

No comments: