Tuesday, December 21, 2010

MkLeaks

И Македонија е во тек со светските трендови во врска со интернетот и споделувањето на информации коишто владите на светот се трудат да ги скријат од нас. Сигурно погодувате дека ова не е како резултат на владината кампања компјутер за секое дете туку како последица на она што Џулијан Асанж и компанија го прават во светски рамки.


Наместо како досега досиеата за соработниците на тајните служби да се доставуваат пред куќи, еве можност анонимно да се стават на Нет и со тоа да бидат видливи за граѓаните на Р. Македонија. Се работи за новиот македонски сајт MkLeaks кој иако не е докрај среден, (бета верзија) сепак е функционален. На него можат анонимно да се објавуваат документи не само за соработниците на тајните служби поврзано со процесот на лустрација, туку и секакви документи за корупција, незаконско работење, тајни договори, дипломатски извештаи, кршење на човековите права... Првенствено поврзани со Р. Македонија.

Сајтот е направен од група на ентузијасти, а некои од нив многу веројанто е дека барем виртуелно ги познавате :) . Нивната инспирцијата е Џулијан Асанж и неговото дело. Според креаторите на сајтот и самиот Џулијан Асанж е информиран за MkLeaks и ја имаат неговата подршка. За тоа колку MkLeaks ќе биде успешен во тоа за што и е наменет ќе зависи и од она што граѓаните на Р. Македонија се спремни да го споделат со остатокот од граѓаните.

3 comments:

Anonymous said...

A kako ke znaeme nie dali informaciite/dokumentite sto ke gi objavuvaat se vistiniti, tocni?

Anonymous said...

на страната mkleaks.mk во објави пишува
„Преку овој формулар мозе да ни испракате ваши доверливи документи без да оставите трага на самиот систем."


може, со e ж не со џ!

Anonymous said...

Ај аирлија!

Ама никаде не гледам упатства и аргументи дека процесот на достава на документи е БАШ анонимен и безопасен. Онлајн формуларот на сајтот е идентичен со сите останати е-форми по интернетов и, освен изјавата дека е безбеден и не остава траги, нема НИКАКВО друго објаснување.

Кога веќе сте „инспирирани“ од делото на Асанж, барем потрудете се да не бидете површни дилетанти и релкамата поткрепете ја со суштина и содржина.

... Освен ако не сте параван за МВР или ДБК, па трагате по „кртови“ во сопствените редови :)))