Петиција до УНЕСКО

Во вторник 16 Ноември, во 12 часот, на улица Македонија, пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис како протест за скандалозното бришење на придавката "македонски" од официјалните електронски изданија на Обединетите Нации.

Петицијата ќе се испрати до УНЕСКО, а Лилјана Поповска - претседателот на Демократска Обнова на Македонија која се јавува како организатор на петицијата вели:

"Дали ОН штити подеднакво, или има двојни стандарди - едни за посилните, други за послабите? Според УНЕСКО, секој јазик е дел од светското духовно наследство."

Доколку во вторник поминувате од таму, потпишете се!

No comments: