Tuesday, October 12, 2010

Грција се припрема за напад на Македонија!!!

Каде??? Како??? Зошто???

Епа еве вака, не паничете, се работи за online browser игра во која ние околу 300 Македонци се бориме против околу 7000 Грци.

Затоа ни е потребна Вашата помош! Придружи ни се на eRepublik, биди и ти дел од виртуелната еМакедонија!

линкови за регистрацијa (кликни на сликата):


на Еди Ребел ----> LINK

или на Иван ----> LINK

Што е еРепублик?

еРепублик е масовна онлајн БЕСПЛАТНА стратешка игра во која играчот се става во улога на граѓанин на една држава (си бира која). ВСУШНОСТ ОВАА ИГРА ПРЕТСТАВУВА КОПИЈА НА РЕАЛНИОТ ЖИВОТ.

Можеш да бидеш обичен граѓанин, вреден работник, успешен новинар, да поседуваш компанија, да бидеш војник во армијата, дури и да станеш успешен политичар и претседател на својата држава :)

Ние имаме своја држава од пред неколку дена и се обидуваме да добиеме што е можно повеќе играчи за да се одбраниме од нападот на еГрција.

Што треба да направам?

Регистрирај се на погорниот линк. За почеток регистрирајте се во регионот Источна Македонија (Eastern Macedonia) кој е доста важен регион за нас бидејќи е богат со камен, суровина која се употребува за производство на болници, куќи и системи за одбрана. Веднаш по регистрацијата најди работа и тренирај ги своите способности како би бил добар војник. Се останото ќе го научиш со текот на времето...

ЗА ПОЧЕТОК ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА (Туторијал) подготвени од страна на Министерството за образование на еМакедонија. Тука ги имате основните работи за оваа игра и како најлесно би се снашле на почетокот!

Туторијал ----> LINK

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ ИГРАТА И ЌЕ ДОЈДЕТЕ ДА НИ ПОМОГНЕТЕ!еМАКЕДОНИЈА на еМАКЕДОНЦИТЕ!

уште еднаш линковите за регистрација:

на Еди Ребел ----> LINK

или на Иван ----> LINK

Поздрав :)

Преземено со љубезна дозвола од Ivan Vancho Makedonski

2 comments:

GokaGrozni said...

*Ние имаме своја држава од пред неколку дена и се обидуваме да добиеме што е можно повеќе играчи за да се одбраниме од нападот на еГрција*

-Значи бидна и таа работа, ај фрли еден туторијал за повратници, односно како да го оживеам virtual-GokaGrozni-soldier

Aleksandar said...

Значи ништо не се плаќа за играва воопшто ???