Thursday, September 23, 2010

ЕУморгана

Вклучувам собраниски канал и веднаш во очи ми паѓа: во собранието покрај македонското, стои и знамето на ЕУ. Менувам канал и гледам како претставник на владата дава изјава пред знамето на ЕУ. Ајде малку локални вести: во канцеларијата на градоначалникот знаменце на ЕУ.

Доста ми е од телевизија, излегувам да се прошетам и забележувам како пред полициската станица до македонското, гордо се вее и знамето на ЕУ. Ако не знаев ќе помислев дека веќе сме земја членка на ЕУ.

Не знам која е поентата со знамето на ЕУ во услови кога ЕУ не ги почитува малцинските права на Македонците. Не знам зошто да се вее знaмето на ЕУ кога тие со фашистички методи нè принудуваат да си го продадеме името и идентитетот.

Колку ли ваквата практика е законски пропишана? Што ли е ова, замачкување очи и Wishful thinking на македонски начин? Се додека не престанат со геноцидните барања: долу ЕУ, да живее евроскептицизмот.

No comments: