Wednesday, July 07, 2010

Неколку факти за Picasa

Од разговор со блогери кои блогираат на Blogspot, заклучив дека малку од нив знаат дека всушност сликите кои ги ставаат во своите блогпостови се хостираат на Picasa.

Picasa е сервис за бесплатно поставување на слики, целосно интегиран со Google (воедно и Blogspot) па секој што има сметка на Google (и/или Blogspot) може да прикачува слики без да троши време за регистрација.

На Picasa вашите слики се подредени по албуми според тоа на кој од вашите блогови одредена слика е поставена (доколку имате повеќе блогови), а во секој албум се листани според хронолошки редослед.

При тргање на слика од блог, таа не се отстранува и од Нет те останува и понатаму на Picasa (освен ако не го бришете целиот блогпост и воедно изберете сликата да биде избришана). За една слика поставена на вашиот блог целосно да биде отстранета од Нет, треба истото да го направите преку Picasa. По избирањето на опцијата за бришење, сликата максимум за 24 часа ќе биде избришана.

Доколку сакате поголема прегледност можете да креирате нови албуми, можете сликите да ги разместувате по редослед според ваша желба или пак да ги префрлате од еден албум во друг. Доколку блогирате на Blogspot ова е директниот линк кој ќе ве одведе до албумите со вашите слики хостирани на Picasa LINK

Неколку факти за поставувањето на слики на Picasa соодветно на вашите блогови на Blogspot:

1. Еден корисник може да постави на Picasa слики со максимална вкупна зафатнина од 1024 MB. Оваа опција е бесплатна, доколку ги достигнете овие 1024 MB можете со доплата да добиете дополнителни MB за поставување на нови слики.

2. За успешно да поставите една слика на Picasa, истата не треба да биде поголема од 20MB и/или 50 мегапиксели.

3. Во еден албум можат да се складираат максимум 1000 слики. Доколку се работи за албум кој автоматски се креира за секој ваш нов блог, по исполнувањето на тие 1000 места се креира нов истоимен албум.

No comments: