Изработи банер за твојот блог

Не мал дел од македонските блогови (особено оние на Блогерај) па дури и некои од попознатите , визуелно изгледаат ептен конфекциски, неоригинално и темплејтот им е без никаква разлика од оној стандардниот.

Суштината односно она што е напишано на самиот блог е далеку поважно од тоа како еден блог би изгледал, но ако тој изгледа попрепознатливо и оригинално нема ништо да пречи, баш напротив. Важен е и првиот впечаток, а она што најпрво се забележува е изгледот.

За таа цел во наредните неколку поста ќе се обидам да прикажам неколку алатки и да дадам совети како вашиот блог да изгледа поубаво и препознатливо. Доколку и вие колеги блогери :p имате некои прашања или сугести со задоволство би помогнал.

Во овој пост за изработка на банери и копчиња за вашиот блог кои можат да ви послужат за размена со другите блогери или за поставување при регистрација на некој блог агрегатор. Доколку имате познавања од фотошоп и ја имате инсталирано програмата (или некоја друга слична) тогаш сè што ви треба е инспирација, но доколку немате, а сакате брзо и лесно да си изработите релативно добар банер или копче со кои ќе го разубавите вашиот блог, странава ќе ви заврши одлична работа Cooltext

Еве неколку копчиња (80 x 15 px) изработени токму на оваа страна:



По креирањето на банерчето/копчето единствено треба да го хостирате на некоја страница за бесплатен хостинг на слики и да си го поставите на вашиот блог.

No comments: