Sunday, June 27, 2010

In Wonderland

Постои место наречено Земјата на чудата (Wonderland). Да, Алиса еднаш беше таму, а додека таа е во окови (Alice in chains), авторот на овој блог заедно со сите вас што го читате постов ќе ја заменуваме.

Me & Friends in Wonderland или како би изгледал светот ако сè функционираше според апсурдните грчки барања кон Македонија за промена на името:

- Ако кашкавалот Моцарт се најдеше во тој свет ќе побараше истоимениот комопозитор да си го смени името поради страв од иредентизам - се плашел дека со некоја нова опера или симфонија ќе го издупчи ко швајцарско сирење;

- Благцата Рафаело ќе побараа да се тргне името на ренесансниот сликар од сите негови слики за да нема забуни - мора да се знае дека дијабет и наднормена телесна маса се добива не од слики, туку од благца;

- Чоколадото Колумбо ќе го обвинеше славниот морепловец дека му краде од културно-историското наседство и ќе му мавнеше едно вето - да се разбереме поголема цивилизациска придобивка е да расипиш два заба, одошто да откриваш еден континент;

Во врска со Македонија не ни мора да замислуваме што би било кога би било. Македонија веќе подого време живее во Земјата на чудата. Еве баш во моментов го пие чајот со лудиот Шапкар. Да, да Грција е за прием на Македонија и во ЕУ и во НАТО, a тоа што нè блокираат ништо не значи. Знаев дека не треба да го следиме БЕЛИОТ зајак и да покажеме БЕЛО знаме за промената на знамето во 1995та.

Алиса здрава и жива си заминала од тој свет. Ќе можеме ли и ние да се вратиме назад во реалноста или кралицата уште долго ќе продолжи да вика: off with their NAME знае само Луис Карол

1 comment:

AlexTheGreat said...

Добро кажано