Уметници со љубов за името


Во вторник, 8 јуни 2010 година, на кејот на реката Вардар непосредно до Камениот Мост во Скопје под мотото "Уметници со љубов за името" ќе се одржи концерт за насловен "Македонија е нашето име".

Во управниот одбор на манифестацијата за одбрана на македонското име се оперскиот пејач Борис Трајанов, поетот Ефтим Клетников, обоистот Васил Атанасов и диргентот Запро Запров.

Ќе настапат уште и Славица Галиќ-Петровска, Драган Даутовски, Андријана Јаневска, Влатко Илиевски, Некст Тајм, КУД „Кочо Рацин“, КУД „Орце Николов“...

No comments: