Facebook патриотизам

Пред некој ден на Facebook ми стигна порака којашто идеше вака некако: Доколку сакате да помогнете Македонија да го зачува своето име и идентитет поканете ги вашите пријатели да се вклучат во групата. Е шо толку ќе помогнат ако се зачленат. Демек собери милион члена и оп идентитетот си се зачувал. Колку шо глеам повеќето ги прават овие групи од шо немат попаметна работа. Има цела дузина групи да најдеме 10 000 Македонци на Facebook, да најдеме 100 000 и тако даље разбираш. А тие пак што се зачленуваат во ваквите групи понекегаш и сами не знаат зошто се зачленуваат. Имаше група имиња и презимиња на Facebook напишани на кирилица. Дали една третина од нејзините членови имаа имиња и презимиња напишани на кирилица. Ќе земам да направам група Топ лузери од Македонија и гарант ќе најдам неколку стотки коишто ќе се зачленат.

И коа човек ќе отиде на една таква патриотска група за зачувување на национален идентитет и име 90 поценти од коментарите се изблици на едипов комплекс и јавно онанирање на мајка Македонија. Во нив речиси и нема ништо друго освен псевдопатриотско чукање в гради со излитени слогани: Македонија вечна, името не го даваме, а некои преминуват и во нацизам: смрт на предавници, на душманите семето да им се сотре, ко тие да одлучуваат кој каков статус треба да има. И шо е најважно речиси сите вакви патриотски коментари ко по правило се напишани на латиници и без никакви граматички правила, како што во еден коментар напиша Беличанец: апсурдно е тоа што колку помалку си го познаваш македонскиот јазикот толку повеќе ја сакаш Македонија.

И се ќе беше ОК доколку истите тие направеа нешто практично за Македонија или пак беа спремни да помогнат при некој иницијатива. Пред еден месец за една иницијатива беа потребни по неколкумина луѓе од десетина македонски градови. И каде е најдоброто место да се најдат патриоти освен на една патриотска Facebook група. И кој е највечи патриот од свих патриота, се знае основачот на една таква група. Му пратив порака до каде е спремен да иде иде со работите што ги пропагира. И веднаш ми стигна порака полна со ентузијазам "До смрт за Македонија брат, до смрт!" Му пишав дека не се бара од него да умира за Македонија, а само да одвои по некој сат во продолжение на една седмица и како горе долу би се одвивала иницијативата. Изгубив саат време договарајќи и коа требаше да се почне со работа ми врати порака дека нема да учествува, се поболел кутриот од грип. Бреј и грипот е против патриотите или можда се поболел од што нејќел да се бори до смрт за Македонија ко шо ми беше пишал.

Јас сум ти највечи патриот жими Грците. Поголем Македонец сум од сите Ескими собрани заедно. Не бе стварно ви викам ниедно џуџе во Македонија не е поголем Македонец од мене. Толку голем патрит сум шо и латиницата ја напраив македононско писмо. Јбг. Зборот патриот во мојата свест полека но сигурно станува валкан збор.

2 comments:

Drash said...

Во право си Еди, јаки на зборови, но слаби на дела.

Anonymous said...

еди малце се занесе .